Советот на Град Скопје доби нов состав – ВМРО-ДПМНЕ со стабилно мнозинство
Советот на Град Скопје го доби новиот состав кој ќе ја определува насоката на функционирањето на главниот град во наредниот период.
Најмногу советници освои владејачката ВМРО-ДПМНЕ со својата коалиција – вкупно 18. По шест советници добија опозициската Левица, владејачката коалиција Вреди и опозициската ДУИ. СДСМ ќе има само пет советници.
По еден претставник ќе имаат коалицијата „Искуство за успех“, како и владејачката ЗНАМ и граѓанските листи „Независни заедно“ и „Зелен хуман град“.
Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ заедно со своите партнери ЗНАМ и Вреди обезбеди стабилно мнозинство од 25 советници.
Во претходниот состав, ВМРО-ДПМНЕ имаше исто така 18 советници, СДСМ – 12, ДУИ – 5, Левица – 4, а по двајца имаа Алијанса за Албанците, Алтернатива, ЛДП/ДОМ и Зелен хуман град.