УТРО.мк

Градоначалникот Ѓорѓиевски, оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Н.Е. Ивета Хрицова

Градоначалникот Ѓорѓиевски, оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Н.Е. Ивета Хрицова
Vero

Во просториите на Општина Кисела Вода, се одржа протоколарна средба помеѓу градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, и новоименуваната амбасадорка на Република Словачка, Н.Е. Ивета Хрицова.

На состанокот, во духот на пријателските односи меѓу двете земји, се разговараше за можностите за унапредување на соработката на локално ниво, како и за можностите за преземање на европски практики во функционирањето на локалната самоуправа.Градоначалникот Ѓорѓиевски ја информираше амбасадорката за активностите кои ги презема Општина Кисела Вода и ЗЕЛС во насока на подобрување на локалните услуги, нагласувајќи дека искуствата и поддршката од земјите-членки на ЕУ се од особено значење за македонските општини.

-Имав чест да бидам домаќин на новоименуваната амбасадорка на Република Словачка, Н.Е. Ивета Хрицова, со која разговаравме за можностите за споделување искуства и добри практики од ЕУ, кои ќе придонесат за развој на локалната самоуправа во Македонија. Словачка е пријателска земја која поминала низ процеси од кои ние денес можеме многу да научиме.

Верувам дека оваа средба ќе биде основа за понатамошна соработка и поддршка, во интерес на граѓаните и подобрување на условите за живеење во општините- изјави Ѓорѓиевски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран