УТРО.мк

Ѓорѓиевски во Бутел: „Крај на хаосот, време за работа и достоинство“

Ѓорѓиевски во Бутел: „Крај на хаосот, време за работа и достоинство“
Vero

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се обрати вечерва пред жителите на Бутел, нагласувајќи дека општината долго време била заборавена и маргинализирана, но дека со конкретни проекти ќе се врати достоинството на секое маало.

„Бутел го чувствувам како дел од себе. Ова е место полно со спомени и убави моменти кои ќе ги паметам целиот живот. Време е за крај на заборавот и поделбите,“ рече Ѓорѓиевски.

Тој презентираше главни проекти кои ќе ги спроведе:

Сообраќаен ред: нов кружен тек на улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“ за поголема безбедност и намалување на секојдневниот застој.

Комунална инфраструктура: изградба на атмосферска канализација, нов асфалт, тротоари, ЛЕД осветлување и фекална и водоводна мрежа во населбата Бел Камен.

Поврзување на градот: реконструкција на Качанички пат и поврзување на „Бутелска“ со булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“.

Рекреација и зелени површини: уредување на реката Серава со пешачки и велосипедски патеки, враќајќи ја на граѓаните.

„Ова е наша Визија за Скопје 2025–2045 – град кој е модерен, функционален и достапен за сите жители,“ додаде Ѓорѓиевски.

Кандидатот потенцираше дека разликата е меѓу хаосот и лагите од една страна и конкретната работа, дела и љубовта кон градот од друга. „Време е да го вратиме Скопје во рацете на народот,“ заклучи Ѓорѓиевски, кој ја доби и поддршката од премиерот Христјан Мицкоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран