САД најавуваат моќно оружје за Украина
Претставникот на САД при НАТО, Метју Витакер, изјави дека Америка располага со моќни и потенцијално „застрашувачки“ капацитети, кои би можеле да бидат префрлени во Украина, вклучувајќи крстаречки ракети Томахавк. Тоа би можело да го промени пресметувањето на Путин, кој, според него, не може да покаже слабост, иако е „неверојатно слаб“.
Витакер нагласи дека Русија не зазела ни 20% од украинската територија, што покажува несопосбност и неефикасност на руската војска на бојното поле. НАТО и сојузниците продолжуваат со испорака на оружје, системи за противвоздушна одбрана и други ударни капацитети, со цел да се зголеми притисокот врз Кремљ и да се принуди на преговори за мир.
Тој исто така нагласи дека решението за мир не може да се постигне само со еден повик од страна на американскиот претседател, поради комплексноста на конфликтот.