УТРО.мк

Ѓорѓиевски најави нова ера за главниот град – чист воздух и ред во системот

Ѓорѓиевски најави нова ера за главниот град – чист воздух и ред во системот
Vero

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на митингот во Кисела Вода го претстави својот детален план за модерно, зелено и функционално Скопје. Под мотото „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“, тој истакна дека успехот на Кисела Вода е доказ дека чесната и посветена работа носи резултати.

„Кисела Вода денес е симбол на промени, пример дека кога се работи со визија и љубов кон граѓаните, резултатите се видливи. Тој модел мора да го пренесеме во цело Скопје – град кој ќе се води со план, енергија и одговорност“, порача Ѓорѓиевски.

Во своето обраќање, тој најави повеќе клучни проекти за инфраструктура и животна средина – меѓу нив проширување на булеварот Борис Трајковски до Драчево, реконструкција и покривање на Усјанскиот канал, изградба на нова катна гаража на улицата „Есенинова“ и создавање на најголемата Градска шума во Расадник.

„Со овие проекти ќе ги решиме сообраќајните гужви, ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и ќе создадеме нови зелени зони. Расадник ќе стане белите дробови на Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Тој најави и целосна модернизација на градската инфраструктура, завршување на заглавените проекти како клучката Момин Поток, изградба на булеварите Хрватска и Цветан Димов, како и подземната сообраќајница кај Лимак.

„Ќе ја трансформираме Дрисла во современ европски центар за отпад и ќе воспоставиме ред во јавните претпријатија. Скопје мора да биде град со ред, чист воздух и културен живот достоен за неговите граѓани“, додаде тој, најавувајќи реконструкција на Универзалната сала и киното Милениум.

„Време е Скопје повторно да заживее“, порача Ѓорѓиевски на крајот од своето обраќање.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран