Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче.

Градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше на свеченоста и истакна дека храмот повеќе од пет децении претставува духовен дом и место на заедништво за жителите.

„Педесет години љубов, вера и заедништво, педесет години храмот е светилник на нашите семејства и потсетник дека верата и заедничката сила секогаш нè водат напред“, рече Ѓорѓиевски.

Тој порача дека овој јубилеј е симбол на цврстата поврзаност меѓу духовноста и заедницата, како и доказ за вредностите кои се пренесуваат од генерација на генерација.