Во рамките на напорите за подобрување на патната инфраструктура и зголемување на јавната безбедност, Општина Чаир денес спроведе две значајни интервенции на локации со висок сообраќаен интензитет.

Наспроти основното училиште „Тефејуз“ беше извршена повторна поставка на еластични столбови со цел регулирање на сообраќајот и зголемување на безбедноста на пешаците, особено учениците. Овие столбови се поставени за да се спречи неправилното паркирање и да се насочи сообраќајот во делот околу образовната установа, каде што дневно циркулира голем број возила и пешаци.

Истовремено, во близина на џамијата „Хатунџик“ за првпат беа инсталирани вакви столбчиња, со што се обезбедува контрола на движењето на возилата и непречен пристап за граѓаните.
„Овие интервенции се дел од нашата заложба за уреден јавен простор и подобрена сообраќајна култура во општината,“ изјави градоначалникот Висар Ганиу, нагласувајќи дека мерките ќе придонесат за зголемување на урбаната функционалност и безбедност за сите учесници во сообраќајот.