УТРО.мк

Apple ги послуша своите корисници: Пристигнуваат најголемите промени досега

Apple ги послуша своите корисници: Пристигнуваат најголемите промени досега
Vero

По бурните реакции на корисниците за новите визуелни елементи претставени на годинешниот WWDC 2025, компанијата Apple почна да воведува промени во изгледот на своите оперативни системи уште во фазата на развој.

Како што пренесува порталот 9to5Mac, втората бета верзија за развивачи веќе носи измени во изгледот на новиот визуелен стил „Liquid Glass“, како и на иконата на апликацијата Finder.

Apple, очигледно, внимателно ги следи реакциите на јавноста и брзо реагира на критиките. Така, во втората бета на iOS 26 е засилена темната позадина, а замаглувањето во Control Center е прилагодено за појасна видливост и подобро визуелно искуство.

Кај оперативниот систем macOS Tahoe, иконата на Finder доживеа промена во палетата на бои, враќајќи дел од претходниот изглед кој, според првичните реакции, бил поприфатен од страна на корисниците.

Овие измени укажуваат на тоа дека Apple е подготвен да ги слуша своите корисници и да ги прилагодува новитетите уште пред официјалното пуштање во употреба на новите верзии на iOS и macOS. Очекувањата се дека и понатамошните бета верзии ќе донесат дополнителни усовршувања, во насока на подобрување на корисничкото искуство.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран