УТРО.мк

Не е Трамп, ова е човекот кој успеал да постигне примирје помеѓу Израел и Иран

Не е Трамп, ова е човекот кој успеал да постигне примирје помеѓу Израел и Иран
Vero

Премиерот на Катар, шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, успеал да обезбеди согласност од Техеран за американскиот предлог за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, јавува агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на официјален извор запознаен со текот на преговорите.

Според истиот извор, разговорите биле одржани по вчерашните ирански напади врз американската воена база во Катар. Во контекст на овие тензии, се случил и телефонски повик од американскиот претседател Доналд Трамп до катарскиот премиер, во кој Трамп соопштил дека Израел се согласил на прекин на огнот и побарал од Доха да посредува и да го убеди Техеран да го прифати договорот.

Рано утринава, американскиот претседател објави дека е постигнат договор за примирје и дека вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран е завршен. Тој најави дека двете страни ќе постигнат „целосно и тотално примирје“, кое во наредните дваесет часа би требало да доведе до крај на војната.

Меѓутоа, непосредно по оваа објава, и двете страни повторно разменија ракетни напади.

Во реакција по изјавата на Трамп, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека не постои формален договор за прекин на огнот меѓу Иран и Израел. Сепак, тој додаде дека доколку Израел ја запре својата, како што ја нарече, „нелегална агресија врз иранскиот народ“ најдоцна до 4 часот утрово по локално (техеранско) време, Техеран нема намера да продолжи со воениот одговор.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран