УТРО.мк

Трамп ги смирува тензиите: Израел ги повлекува авионите, нема да бидат извршени напади врз Иран

Трамп ги смирува тензиите: Израел ги повлекува авионите, нема да бидат извршени напади врз Иран
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се огласи во врска со ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран, испраќајќи јасна порака до Тел Авив да се воздржи од натамошни напади.

„Нема да има напад врз Иран. Сите авиони ќе се вратат назад, со пријателско мавтање со крилата. Примирјето останува на сила и никој нема да настрада. Ви благодарам на вниманието“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Според информации на американскиот портал Axios, Трамп лично го контактирал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и побарал итен прекин на планираниот напад. Како што се наведува, Нетанјаху признал дека одредена воена акција е неизбежна, но најавил дека Израел би можел да се ограничи на симболичен напад врз една цел, наместо широка офанзива.

Сепак, пред израелската страна да ја реализира намерата, Трамп излезе јавно и со својата изјава практично ја стопираше акцијата.

Пред заминувањето на самитот на НАТО во Хаг, Трамп изјави пред новинарите дека е длабоко разочаран од однесувањето на двете страни, но упати особено остри критики кон Израел.

„Двете страни го прекршија договорот, но Израел посебно ги изневери очекувањата. Не сум задоволен од нивните постапки“, истакна американскиот претседател.

Потоа, преку Truth Social испрати и јасна порака:

„Израел, немојте да ги фрлате тие бомби. Ако го направите тоа, ќе го прекршите договорот. Вратете ги пилотите дома – веднаш!“

Со оваа интервенција, Трамп повторно се постави како клучен арбитер на Блискиот Исток, обидувајќи се да го задржи примирјето и да спречи поширок конфликт со потенцијално разорни последици.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран