Синоќа, на 10 јуни, околу 23 часот, во Ургентниот центар при Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје бил пријавен физички напад врз вработен во Итната медицинска помош.
Инцидентот го пријавил М.Д. (28) од Скопје, кој извршувал службени задачи кога бил нападнат од С.С. (64), придружник на пациент кој се наоѓал на лекување во установата.
Мотивите за нападот сѐ уште не се познати, а надлежните органи работат на расветлување на случајот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок против напаѓачот.