УТРО.мк

Без струја делови од Шуто Оризари, Карпош и Центар

Без струја делови од Шуто Оризари, Карпош и Центар
Vero

Жителите на неколку скопски населби денеска ќе поминат дел од денот без електрична енергија поради планирани интервенции на дистрибутивната мрежа, најавија од ЕВН Македонија. Прекините ќе зафатат делови од општините Шуто Оризари, Карпош и Центар.

Според најавата, од 9 до 14 часот електрична енергија нема да имаат дел од домаќинствата и објектите на улицата „Александар Урдаревски“, во близина на приклучокот кон скопската обиколница во Шуто Оризари. Во истиот временски интервал без струја ќе останат и дел од жителите на улицата „Козле“ во Карпош, поточно објектите со броеви од 114 до 124.

Подолг прекин е предвиден во Општина Центар, каде од 9:15 до 15:15 часот без напојување ќе бидат улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“. Привремено без електрична енергија ќе остане и Музејот на современа уметност во Скопје.

Од ЕВН посочуваат дека прекините се дел од редовните активности за одржување и модернизација на електромрежата.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран