УТРО.мк

(ВИДЕО) “УЧК, УЧК“ одекнуваше низ Скопје: Тензично на протестот на  албанските студенти

(ВИДЕО) “УЧК, УЧК“ одекнуваше низ Скопје: Тензично на протестот на  албанските студенти
Vero

Протестот за полагање на правосудниот испит на албански јазик во Скопје денеска повторно ја отвори политичката пресметка меѓу албанските политички блокови, откако од владејачката коалиција ВЛЕН обвинија дека зад протестите стои ДУИ со цел да предизвика тензии и да собира политички поени.


За време на протестот се слушаа скандирања „УЧК, УЧК“, а дел од демонстрантите маршираа со албански знамиња низ улиците на Скопје. Настанот предизвика бурни реакции во јавноста, особено поради пораките и атмосферата на протестот.


Од ВЛЕН посочуваат дека токму актуелната власт успеала да обезбеди решение правосудниот испит да се полага и на албански јазик, нешто што, според нив, ДУИ не успеала да го реализира за време на своето повеќегодишно владеење.
„Сега кога станува јасно дека прашањето се решава институционално, некој се обидува преку протести, тензии и инциденти да создаде политичка криза и повторно да се претстави како заштитник на Албанците“, велат извори од владејачката коалиција.


Протестот следува по неколкудневни политички обвинувања околу правото за полагање на испитот на албански јазик, тема што последниве денови стана една од главните политички пресметки меѓу власта и опозицијата во албанскиот блок.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран