УТРО.мк

ЕУСАИР форум во Скопје: Проширување на ЕУ, регионална соработка и развој на Јадранско-јонскиот регион

ЕУСАИР форум во Скопје: Проширување на ЕУ, регионална соработка и развој на Јадранско-јонскиот регион
Vero

Скопје денес е домаќин на отворањето на 11. Форум на Стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), кој годинава се одржува под мотото „ЕУСАИР во акција: од заложба до влијание“, носејќи во градот високи претставници од регионот и од институциите на Европската унија.

Настанот, кој се смета за едно од поважните регионални собири во рамки на макрорегионалната соработка, ја истакнува улогата на ЕУСАИР како платформа што ја поврзува Јадранско-јонската област во заедничка агенда за економски и социјален развој, но и како инструмент кој го поддржува процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан.

Иницијативата опфаќа десет држави – четири членки на Европската унија (Хрватска, Грција, Италија и Словенија) и шест земји надвор од Унијата (Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Сан Марино, Црна Гора и Србија). Освен за зајакнување на економските и општествените врски, ЕУСАИР се фокусира и на поттикнување координација меѓу земјите од регионот и создавање синергии во заедничките политики.

Овогодинешниот форум отвора простор за дискусија на повеќе клучни теми: од имплементацијата на ревидираниот Акционен план, преку зајакнување на регионалната соработка во контекст на проширувањето на ЕУ, до прашања поврзани со младите, демографските предизвици и прекуграничната соработка.

По свеченото отворање, вниманието ќе биде насочено кон министерскиот панел на тема „Макрорегионалната соработка како стратешка алатка за проширување – како подобро да се обликува иднината?“, на кој ќе учествуваат високи претставници од земјите членки и партнерите во иницијативата, како и од Европската комисија.

Меѓу најавените говорници се вицепремиерот за европски прашања Беким Сали, претставникот на Европската комисија Хуго Собрал, како и високи функционери од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Италија, Црна Гора, Србија и Словенија, кои ќе ги изнесат ставовите за иднината на регионалната соработка и нејзината улога во процесот на европското проширување.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран