
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала вечерва беше регистриран во тетовскиот регион. Потресот се случил во 22:05 часот по локално време, со епицентар на околу 14 километри северно од Тетово, односно 23 километри источно од Призрен, Косово.
Според првичните податоци, земјотресот бил на длабочина од околу 5 километри. Потресот бил почувствуван во Тетово, Скопје и поширокиот северозападен дел од земјата.
Засега нема информации за материјални штети или повредени лица. Надлежните служби ја следат состојбата и се очекуваат дополнителни информации.
























