УТРО.мк

Утре без електрична енергија повеќе тетовски села поради планирани прекини

Утре без електрична енергија повеќе тетовски села поради планирани прекини
Vero

Повеќе села во тетовскиот регион утре, 11 февруари 2026 година, ќе останат без снабдување со електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа.

Според најавата, во периодот од 09:00 до 14:00 часот планиран прекин ќе има во селото Јанчиште, каде без струја ќе останат објектите кои се наоѓаат на патот кон селото Прељубиште.

Во истиот временски период, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе биде и селото Шемшево, при што прекинот ќе ги опфати објектите што се наоѓаат во близина на училиштето.

Планиран прекин на струја ќе има и во селото Палатица, исто така од 09:00 до 14:00 часот, а без напојување ќе останат објектите лоцирани на патот кон селото Требош.

Дополнително, во селото Шипковица е најавен прекин во периодот од 09:30 до 14:30 часот, при што без електрична енергија ќе бидат објектите што се наоѓаат на влезот во селото.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран