
Поради дефект на водоводната мрежа во Фринко – Фрижидери, утре, 25 август 2026 година, дел од корисниците во Битола и околината ќе останат без вода.
Прекинато водоснабдување ќе има кај корисниците од Идеал Шипка, Прогрес, село Поешево, село Логоварди, населба Боримечка и Квасара.
Според известувањето од ЈКП „Водовод“ – Битола, прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на активностите за санација на дефектот.
Од претпријатието им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.

















