
ЈКП „Водовод“ – Битола денес започна со реконструкција на водоводната мрежа на делница од улицата „Маркс и Енгелс“ во Битола.
Профил 1: 184,28 м
Профил 2: 69,48 м
Куќни приклучоци: 35
Вкупна должина со приклучоци: 396,8 м
Овој проект е дел од проектите добиени во рамките на Вториот повик на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на проекти за унапредување на локалната самоуправа.
Реконструкцијата претставува дел од пошироките активности насочени кон постепена и целосна замена и модернизација на водоводната мрежа низ целото градско подрачје, со цел подобрување на сигурноста и квалитетот на водоснабдувањето за граѓаните на Битола.
Граѓаните навремено ќе бидат информирани за сите наредни активности и динамиката на изведување на работите.
ЈКП „Водовод“ – Битола

















