УТРО.мк

МВР со засилени контроли: 140 прекршоци и осум кривични пријави за велосипедисти, мопедисти и мотоциклисти

МВР со засилени контроли: 140 прекршоци и осум кривични пријави за велосипедисти, мопедисти и мотоциклисти
Vero

Засилените сообраќајни контроли на Министерството за внатрешни работи вчера резултирале со 140 констатирани прекршоци и осум кривични пријави против возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли.

Контролите биле спроведени низ целата држава, во периодот од 17 до 22 часот.

Најголем дел од прекршоците, односно 102, се однесувале на управување без задолжително користење заштитен шлем – кацига. Полицијата регистрирала и двајца возачи кои управувале под дејство на алкохол.

Најмногу прекршоци биле евидентирани во подрачјето на СВР Струмица – 33. Следуваат СВР Тетово и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот со 17 прекршоци, СВР Куманово со 15, додека СВР Битола и СВР Охрид регистрирале по 13.

Во СВР Велес биле констатирани 12 прекршоци, во СВР Скопје 11, а во СВР Штип девет.

За утврдените прекршоци полицијата презела соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Против осум лица се поднесени и кривични пријави според член 297-а од Кривичниот законик.

Покрај прекршоците поврзани со возачите на велосипеди, мопеди и мотоцикли, при контролата биле регистрирани уште 156 прекршоци од друг вид.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin