УТРО.мк

Во Штип се одржа 30-та Семакедонска средба: Повик за заштита на правата на Македонците во соседството

Во Штип се одржа 30-та Семакедонска средба: Повик за заштита на правата на Македонците во соседството
Vero

Во Штип денес се одржа јубилејната 30-та Семакедонска средба, во организација на Здружението „Мирка Гинова“. На настанот присуствуваа Македонци од земјава и од соседните држави, при што главна тема беше положбата и правата на Македонците надвор од границите.

Претседателот на Здружението ОМО Илинден од Сандански, Кирил Тилев, посочи дека Македонците во Пиринскиот дел на Македонија и понатаму се соочуваат со ограничувања на основните човекови права, меѓу кои употребата на мајчиниот јазик и можноста за организирање во здруженија.

„Повеќе од 35 години се зборува за демократски реформи во Бугарија, но нема промени за Македонците. Нè притискаат, нè негираат и не ни дозволуваат да се организираме“, истакна Тилев, додавајќи дека барањата за регистрација на здруженија се одбивани повеќекратно.

Историчарот Никола Жежов предупреди дека бугарската пропаганда се проширува и кон Македонците во Албанија преку издавање бугарски документи. Според него, сиромаштијата и административните тешкотии се користат како средство за влијание врз етничката свест.

Претседателот на Сојузот „Македон“, Александар Јаневски, соопшти дека организацијата поднела 109 претставки до меѓународни институции за заштита на правата на Македонците во Грција и Бугарија, но досега без конкретен одговор. Тој нагласи дека борбата продолжува за враќање на граѓанските и имотните права, како и за правото на образование на македонски јазик.

Претседателот на Здружението „Мирка Гинова“, Стојан Димков, истакна дека оваа средба веќе три децении ги обединува Македонците од различни делови и има за цел зачувување на националниот идентитет и култура.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран