УТРО.мк

Најскапата пршута во светот: Килограм кој чини речиси 5.000 евра

Најскапата пршута во светот: Килограм кој чини речиси 5.000 евра
Vero

Во срцето на Андалузија, во планинската регија Сиера де Арасена, се произведува најексклузивната пршута во светот – Манчадо де Јабуго. Килограм од оваа деликатесна пршута достигнува неверојатни 4.840 евра, а нејзината цена не е случајна.

Оваа пршута се произведува од ретка раса свињи Манчадо де Јабуго, кои слободно пасат по дабовите шуми и се хранат со жолтици, диви треви и билки. Процесот на сушење трае седум години, во строго контролирани услови на температура и влажност, што ѝ дава карактеристичен вкус, совршен баланс на масти и текстура и мека конзистенција која „се топи во устата како путер“.

Регијата Сиера де Арасена, позната по белите села и вековните дабови, ѝ дава дополнителна автентичност на пршутата. Свињите се одгледуваат во целосна слобода, што придонесува за уникатниот вкус кој е невозможно да се реплицира со индустриски методи.

Според производителите од Dehesa Maladúa, секој кусок Манчадо де Јабуго не е само деликатес, туку „жив доказ за традицијата, природата и почитта кон земјата“. Оваа пршута е симбол на гастрономската извонредност на Шпанија и пример на луксузен производ кој го спојува наследството и реткоста во едно врвно кулинарско доживување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран