УТРО.мк

Во Охрид започнува „Ohrid Water Festival“ со богата спортска програма

Во Охрид започнува „Ohrid Water Festival“ со богата спортска програма
Vero

На 16 август во Охрид ќе започне новото издание на „Ohrid Water Festival“, кое ќе понуди бројни спортски активности на вода и ќе трае до крајот на месецот.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во едрење, ватерполо, кајак регата, Red Bull педалинка трка, СУП маратон, СУП јога на вода и многу други спортови. Настанот ќе заврши на 30 август со традиционалниот Охридски пливачки маратон.

Отворањето утре ќе биде обележано со Меѓународен ревијален ватерполо турнир и атрактивната „Red Bull“ педалинка трка, која по втор пат ќе се одржи во епицентарот на Охрид.

Во оваа уникатна трка тимови од четири члена се натпреваруваат со педалинки, при што двајца учесници вртат педали, а другите двајца веслаат. Победник е тимот кој прв ќе ја помине целта во завршната фаза.

Целата спортска програма е достапна на официјалната веб-страница на фестивалот ohridwaterfestival.mk.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран