УТРО.мк

ВЛЕН: ДУИ и Левица повторно во тајна коалиција на штета на граѓаните

ВЛЕН: ДУИ и Левица повторно во тајна коалиција на штета на граѓаните
Vero

Коалицијата ВЛЕН излезе со остра реакција во врска со последните политички случувања во Струга, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција (ДУИ) за тајни договори со партијата Левица, со единствена цел да се спречи победата на кандидатот на ВЛЕН, Меди Ќира.

„ДУИ ја продаде Струга, влегувајќи во срамни зделки со Апасиевата Левица. Кандидатурата на Јована Мојсовска е дел од договор со кој се обидуваат да ја спасат својата скаменета власт, од која граѓаните одамна се разочарани,“ се вели во соопштението на ВЛЕН.

Од ВЛЕН потсетуваат дека ова не е првпат ДУИ да соработува со Левица, наведувајќи ги примерите од Скопје и Велес, како и поставувањето на бистата на Андон Лазов Ќосето во главниот град. „Секогаш кога имале договори со Левица, сметката ја плаќале граѓаните,“ велат од партијата.

Сепак, ВЛЕН порачува дека жителите на Струга нема да бидат измамени:
„На 19 октомври граѓаните ќе имаат последен збор. Струга не е на продажба. Струга ќе биде ослободена и ќе започне нова, чиста и чесна ера со Меди Ќира,“ порачуваат од коалицијата.

ВЛЕН заклучува дека обидите на ДУИ да се одржи на власт преку, како што велат, „срамни зделки со албанофобни сили“, се најголем доказ за политичката дегенерација на партијата, но истовремено и мотив за промена која ќе дојде преку волјата на граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран