Фабриката Брако од Велес повторно покажа дека е вистински партнер на својата заедница. Со донацијата на нов ЕКГ апарат за Интерното одделение, велешката болница ќе може да обезбеди побрза и посигурна здравствена услуга за граѓаните.
Од Брако потенцираат дека грижата за локалната заедница е нивен приоритет и дека секогаш се тука кога е најпотребно. Новиот апарат значително ќе го подобри квалитетот на здравствената нега и ќе помогне во навременото откривање на срцеви состојби кај пациентите.

Со оваа иницијатива, Брако уште еднаш докажува дека корпоративната одговорност не е само збор, туку конкретна поддршка за јавниот интерес и здравјето на граѓаните.