УТРО.мк

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, приведена турска државјанка со престој во земјата

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, приведена турска државјанка со престој во земјата
Vero

На 18.09.2025 во 12:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода А.Б.(19) од Република Турција затоа што кај неа се пронајдени и одземени таблети и предмет со остатоци од марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во станот и помошни простории, каде што живее и ги користи во Гостивар, при што се пронајдени и одземени дробилка со остатоци од марихуана, таблети, бела прашкаста материја, дигитална вага, ќеса со семки од канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран