
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како маж со возило застанува на мост над реката Радика, по што од автомобилот вади вреќи и кутии полни со отпад и ги фрла во реката.
Снимката ја објави Спортското риболовно друштво „Трофта“ од Дебар, кое укажува на неодговорното однесување и загадувањето на реката.
Случајот предизвика реакции кај граѓаните, особено поради влијанието што ваквото загадување може да го има врз природата и живиот свет во Радика.

















