УТРО.мк

Општина Битола: Наскоро нова ракометна платформа со ЖРК „Пелистер 2012“

Општина Битола: Наскоро нова ракометна платформа со ЖРК „Пелистер 2012“
Vero

На првата наредна седница на Советот на Општина Битола ќе биде разгледан договорот за воспоставување ракометна платформа меѓу Општина Битола и Женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“.

Како што информираат од Општина Битола, целта на платформата е да се даде дополнителна поддршка на активностите, развојот и промоцијата на женскиот ракомет, како и поттикнување на спортот кај женската популација во општината.

Од Општината нагласуваат дека договорот што ќе биде разгледан од Советот не претставува основ за промена на капиталната структура на клубот, негово припојување или преземање, поделба, ниту каква било друга статусна промена.

Оваа тема била разгледана на денешната средба на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, со раководството и ракометарките на ЖРК „Пелистер 2012“.

На средбата биле разменети мислења за идната соработка и можностите за дополнителна поддршка на женскиот ракомет и развојот на клубот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin