УТРО.мк

ВИДЕО – Коњановски: Општина Битола денес работи на 10 локации низ градот

ВИДЕО – Коњановски: Општина Битола денес работи на 10 локации низ градот
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека денеска интензивно се работи на 10 различни локации низ градот, со цел подобрување на инфраструктурата, условите за образование и спорт, како и уредување на јавниот простор.

Градежни и комунални активности се реализираат на улиците „Леринска“, „210“, „Панде Кајзеро“ и „Ѓорги Димитров“, како и во СТУ 9 и СТУ 3.

Паралелно се изведуваат работи и во повеќе образовни и спортски објекти, меѓу кои градинката АРМ, градинката „Климент Охридски“, спортските терени во ОУ „Климент Охридски“ и спортските терени кај Стрелиште.

„Продолжуваме со засилена динамика на терен и реализација на проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Наш приоритет е развојот на секој дел од Битола и создавање подобри услови за сите генерации“, истакна Коњановски.

Од Општина Битола најавуваат дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, согласно планираната програма за инфраструктурен развој на градот.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран