УТРО.мк

ВИДЕО: Фатен на дело како фрла отпад – Најавени санкции

ВИДЕО: Фатен на дело како фрла отпад – Најавени санкции
Vero

Општина Тетово остро го осуди неодговорното и незаконско однесување на граѓанин кој фрлил отпад, односно ламинат, во реката Пена, при што ја загадил животната средина и оштетил јавен простор.

Од Општината информираат дека против одговорното лице ќе бидат преземени сите законски мерки, во согласност со надлежностите на институциите, со цел случајот да биде соодветно санкциониран и да се испрати јасна порака дека загадувањето на животната средина нема да се толерира.

„Апелираме до сите граѓани да покажат одговорност и да придонесат за зачувување на чистотата и заштитата на нашата животна средина“, се наведува во соопштението на Општина Тетово.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin