
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Општина Тетово ги известува граѓаните дека, со цел да се обезбедат доволно паркинг-простори за време на летниот период до почетокот на учебната 2026/2027 година, на располагање ќе бидат ставени дворовите на неколку училишта на територијата на општината.
За паркирање ќе можат да се користат следните простори:
ООУ „Лирија“ – целиот двор;
ООУ „Гоце Делчев“ – целиот двор;
ООУ „Истикбал“ – само делот во близина на главниот влез;
СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – спортското игралиште и просторот во близина на стариот објект на медицинското училиште.
Општината апелира до граѓаните овие простори да ги користат внимателно и во согласност со правилата за паркирање.

















