УТРО.мк

Грција го менува режимот на граница: Што ќе значи тоа за македонските патници?

Грција го менува режимот на граница: Што ќе значи тоа за македонските патници?
Vero

Грчките власти преземаат конкретни чекори за намалување на гужвите и забрзување на протокот на патници на копнените гранични премини со Македонија, во пресрет на летната сезона и зголемениот интензитет на сообраќајот.

Како што јави МИА, заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, задолжен за регионите Македонија и Тракија, Константинос Гиулекас, на конференција посветена на туризмот информирал дека се разгледуваат привремени решенија со цел да се олесни преминувањето на границите.

Една од мерките предвидува поставување модуларни контролни пунктови на граничниот премин Евзони. Со оваа интервенција, една сообраќајна лента ќе се прошири во две, што треба да придонесе за намалување на времето на чекање за патниците.

Паралелно со тоа, грчките власти најавуваат и активности за модернизација на инфраструктурата на граничниот премин, процес што ќе се реализира по фази.

Осврнувајќи се на новиот систем за влез и излез, кој предвидува биометриска регистрација на државјани од трети земји, Гиулекас посочи дека европската регулатива дозволува привремено и делумно суспендирање на неговата примена во периоди кога има зголемен број патници.

Според него, ваквата практика веќе се користи со цел да се избегнат дополнителни задржувања и да се обезбеди поефикасно функционирање на граничните премини во деновите со најголем сообраќаен притисок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin