
Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави нов пресек на состојбата со поплавите заклучно со 17:00 часот. Иако во одредени делови состојбата се стабилизира, инфраструктурата трпи штети – затворен е локален пат поради оштетен мост, а во Полог и Пелагонија реките и понатаму прават проблеми.
Еве ја деталната слика по региони:
ПЕЛАГОНИЈА: Паднат мост и интервенции на насипи
- Демир Хисар:Надлежните општински служби итно го затворија локалниот пат кон селотоМреногабидејќи мостот е оштетен од надојдените води.
- Битола:Во населбатаСтрчин, ЈКП „Нискоградба“ расчистува наноси од чакал и земја. Во селотоЖабени, механизација работи на коритото на Жабјанска Река. Добра вест е што нивото на Елешка Река, која поплави ниви, е во опаѓање.
- Крушево:Се зајакнуваат насипите на критичните точки на Црна Река.
- Ресен:Состојбата е стабилизирана, се врши санација на теренот.
- Долнени:Се чистат одводните канали во Лажани и Пешталево.
ПОЛОГ: Вардар се излеа, патот за Бањиче е забранет
- Тетово:СВР Тетово официјално гозабрани сообраќајотна патот кон излетничкото место Бањиче поради ризик.
- Желино:Реката Вардар се излеа кај селотоСтримница. На терен е испратена тешка механизација за да интервенира.
ЈУГОЗАПАДЕН РЕГИОН: Грижа за евакуираните
- Охрид:Противпожарните и комуналните служби испумпуваат вода од поплавените подруми.
- Спортска сала „Христо Узунов“:Сите служби (Општина, Црвен крст, Итна помош, Полиција) се ангажирани за згрижување и обезбедување на лицата кои беа евакуирани во спортската сала.
ИСТОК И СКОПЈЕ: Багери во Кочани, се следи Вардар во Зелениково
- Кочани:Багер-гасеничар на „Водостопанство“ работи на санација на Оризарска Река кај селото Грдовци.
- Скопје:Во општина Зелениково будно се следи водостојот на Вардар.
- Кратово и Струмица:Состојбата е стабилна, без потреба од интервенции.



























