
Утре, 17 ноември 2026 година, се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на четири локации во Тетово и Сараќино.
Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе биде дел од Сараќино, на влезот во селото.
Во Тетово, од 09:00 до 13:45 часот, прекинот ќе опфати дел од објектите на улицата „Никола Тесла“.
Од 09:00 до 14:00 часот, без напојување ќе биде улицата „Црнотравска“, во месноста Колтук.
Од 09:30 до 13:45 часот, без електрична енергија ќе останат објектите во горниот дел од населбата Дреновец.























