
ИЗРАЗ НА СОЧУВСТВО
Со длабока болка и огромна тага ја примивме веста за трагичното заминување од овој свет на нашата драга колешка, д-р Малтина Ферати, која го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа.
Д-р Малтина Ферати беше важен дел од нашето институционално семејство, каде што со својот професионализам, посветеност и одговорност достоинствено им служеше на граѓаните и пациентите. Во својата функција како раководител на Лабораторијата, таа постојано ги покажуваше својата стручност, сериозност и целосна посветеност на работата.
Таа долго ќе остане во сеќавањата на сите нејзини колеги и соработници, не само по својот професионализам, туку и по позитивната енергија, насмевката, добрината и подготвеноста секогаш да им помага и да им служи на другите.
Нејзиното прерано заминување остава голема празнина меѓу нас. Нејзиниот професионален придонес и убавите спомени што ги остави зад себе засекогаш ќе останат дел од историјата на нашата институција.
Во овие тешки моменти, во име на Клиничката болница во Тетово и целиот нејзин персонал, упатуваме најискрено сочувство до семејството, блиските, пријателите и сите оние кои ја познаваа и ја почитуваа.
Нека почива во мир!
Клиничка болница Тетово























