УТРО.мк

Уапсени лекарка, две медицински сестри и техничар: Се проширува случајот за смртта на пациент во Загреб

Уапсени лекарка, две медицински сестри и техничар: Се проширува случајот за смртта на пациент во Загреб
Vero

Уште четири лица се уапсени во врска со смртта на Кристијан Јосип Периш, кој почина на 21 октомври во Клиниката за психијатрија „Свети Иван“ во Загреб.

Според хрватските медиуми, станува збор за лекарка, две медицински сестри и медицински техничар, кои се гледаат на снимките од надзорните камери во болничката соба.

<strong>Сомнежи за одговорност поради непостапување</strong>

Загрепската полиција потврди дека продолжува криминалистичкото истражување над три жени на возраст од 33, 23 и 27 години и еден 27-годишен маж.

Наведеното сомнение се однесува на тешко убиство на особено ранливо лице, во врска со законските одредби за извршување кривично дело со непостапување.

Нивната конкретна улога и евентуалната кривична одговорност допрва треба да бидат утврдени во постапката.

<strong>Четворица техничари веќе се во притвор</strong>

Претходно беа уапсени четворица медицински техничари, осомничени за тешко убиство, на кои судот им определи истражен притвор.

Новите апсења се однесуваат на други членови на медицинскиот персонал што биле присутни во просторијата за време на настанот.

По полициската постапка следува испитување во обвинителството, кое треба да одлучи за натамошните чекори и дали ќе побара притвор и за новоуапсените. За евентуалното барање ќе одлучува истражен судија.

<strong>Снимките ја насочиле истрагата</strong>

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека се истражуваат сите околности и дека не би бил изненаден доколку постапката опфати и други присутни лица.

Според него, клучен момент било добивањето на снимките од надзорните камери на 6 ноември, по што истрагата добила нова насока.

По објавувањето на снимките оставка поднесе директорката на клиниката Мајда Грах, а потоа и други членови на раководството и управниот совет.

<strong>Инспекцијата утврдила неправилности</strong>

Хрватското Министерство за здравство претходно соопшти дека инспекцискиот надзор утврдил неправилности во документирањето на физичкото ограничување на пациентот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран