УТРО.мк

Мицкоски жестоко го осуди нападот врз девојка во Охрид: Сѐ ќе сторам сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

Мицкоски жестоко го осуди нападот врз девојка во Охрид: Сѐ ќе сторам сторителот да биде изведен пред лицето на правдата
Vero

-Како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека се ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата лицето кое што го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата, рече Мицкоски.

Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците кои што ги имавме денес овде, за борбата која што ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел. Но, за жал до мене стигна ужасната вест која што ги потресе oхриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка, рече премиерот Христијан Мицкоски.

-Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото кое што се случува. А, воедно како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека се ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата лицето кое што го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата, рече Мицкоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран