Поради планирани технички зафати во електро-мрежата, утре (20 ноември 2025) без напојување со електрична енергија ќе останат делови од Тетово и неколку околни села, соопштуваат од надлежните служби.
Од 9:00 до 14:30 часот струја ќе нема во населбата Агино Село, а без напојување ќе останат и делови од селото Теново, вклучувајќи ги и објектите на влезот во селото, како и делот кај Фармата на Жито Полог и водната пумпа Стенче. Други делови од Теново ќе бидат без електрична енергија од 9:00 до 12:30 часот.
Прекини се најавени и во селото Селце, каде што електричната енергија ќе биде исклучена од 9:01 до 14:01 часот, како и во Лавце, од 9:02 до 14:02 часот.
Во Тетово, без струја од 9:30 до 14:48 часот ќе останат објекти во дел од градот во близина на кафе „Дамаск“.
Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски поради најавените прекини.























