УТРО.мк

Утре без струја делови од Тетово и неколку тетовски села

Утре без струја делови од Тетово и неколку тетовски села
Vero

Дел од Тетово и повеќе околни села утре ќе останат без електрична енергија поради планирани активности на ЕВН. Според најавата, прекините ќе бидат во различни термини во текот на денот, зависно од локацијата.

Во Тетово, без струја ќе биде дел од улицата „Иво Лола Рибар“ во близина на Мутичко, во периодот од 09:00 до 11:00 часот.

Прекин е најавен и во неколку тетовски села:
• Ларце – делови од селото, особено централниот дел и објектите во близина на училиштето, ќе бидат без електрична енергија од 09:00 до 14:30 часот
• Волковија – дел од селото кај ресторанот „Делфин“ ќе биде без струја од 09:15 до 13:00 часот
• Гајре – горниот дел на селото ќе има прекин од 09:28 до 14:28 часот

Од операторот појаснуваат дека прекините се дел од планските работи за подобрување на снабдувањето со електрична енергија и се апелира граѓаните навреме да се приспособат на најавените термини.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран