УТРО.мк

Одрон го блокира патот Крива Паланка – Деве Баир

Одрон го блокира патот Крива Паланка – Деве Баир
Vero

Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир е прекинат од 5 часот утрово поради одрон, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На автопатот Скопје – Велес се забележани помали одрони на неколку места, но патот е прооден, а „Македонија пат“ работи на нивно санирање. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, со локално влажни коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони. Особено внимание се препорачува на патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 21 ноември 2025 година до 31 март 2026 година.

На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин, на км 14+200 близу селото Петралица, е воведен времен режим на сообраќај поради градежни активности. Во периодот од 7 до 17 часот сообраќајот ќе се регулира рачно со знаменца, а во остатокот од денот преку семафори.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран