Германската автомобилска индустрија бележи сериозен пад на вработеноста, откако во последната година се изгубени повеќе од 48.700 работни места, покажуваат најновите податоци на германската статистичка служба Дестатис. Овој број претставува намалување од околу 6,3 проценти од вкупната работна сила во секторот.
Податоците укажуваат дека индустријата се соочува со комбинација од предизвици: забавено производство, растечки трошоци, транзицијата кон електрични возила и засилената глобална конкуренција. Експертите предупредуваат дека ваквите трендови може да доведат до уште поголеми структурни промени во наредниот период.























