УТРО.мк

Брзи железници ќе ги скратат патувањата – од Скопје до Атина за 5 часа

Брзи железници ќе ги скратат патувањата – од Скопје до Атина за 5 часа
Vero

Европската комисија објави нов сеопфатен транспортен пакет и акциски план за развој на брзата железничка мрежа низ цела Европа, со цел да се преполови времетраењето на патувањата меѓу големите градови до 2040 година. Планот предвидува изградба на нови пруги и обновување на постојните, со возови што ќе можат да достигнуваат брзина од најмалку 200 километри на час.

Патниците ќе можат да патуваат од Берлин до Копенхаген за четири часа, од Минхен до Рим за шест часа, а од Скопје до Атина за пет часа. Временските скратувања се дел од напорите да се направи железничкиот сообраќај поефикасен, поеколошки и попривлечен од летовите на кратки релации.

Комесарот за транспорт Апостолос Ѕиѕикостас нагласи дека брзата железница е клучна за обединување на Европејците, за зајакнување на економијата и за водење на глобалната трка за одржлив транспорт. Европската комисија работи и на отстранување на пречките за прекугранично патување, како усогласување на системите за билети и законски мерки за забрзан развој на мрежата.

Инвестициите во брзите железници се проценети на најмалку 345 милијарди евра до 2040 година, а над 500 милијарди евра до 2050 година. Проектот опфаќа и развој на релации во Југоисточна Европа, вклучувајќи брза железница од Скопје до Солун и Атина, со што времето на патување ќе се скрати на еден час и 20 минути до Солун и до четири часа до Атина.

Планот, исто така, вклучува подобрување на поврзаноста на земјите како Словенија, Словачка и Бугарија, модернизација на инфраструктурата и воведување на европски безбедносен систем за возови, со цел патувањата да станат побрзи, поудобни и побезбедни.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран