УТРО.мк

Тоневски: Во тек е реконструкцијата на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип

Тоневски: Во тек е реконструкцијата на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип
Vero

Во полн ек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски.

Проектот опфаќа изградба на нови тротоари и рабници, како и поставување на два слоја нов асфалт на делница во должина од 400 метри.

Според Тоневски, со реализацијата на проектот овој дел од главната и најфреквентна улица во градот ќе добие целосно нов и современ изглед, а истовремено значително ќе се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

За реконструкцијата се обезбедени 10 милиони денари од Светска банка, преку Министерството за транспорт.

Од Општина Пробиштип посочуваат дека инвестицијата е дел од напорите за модернизација на локалната патна инфраструктура и подобрување на условите за движење на граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin