УТРО.мк

Општина Битола утре го организира вториот граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“

Општина Битола утре го организира вториот граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“
Vero

Општина Битола утре, 23 јуни, ќе го одржи вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој пред граѓаните ќе бидат презентирани предлог-идеите за неговиот иден изглед и уредување.

Форумот ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 12:00 часот и претставува можност за граѓаните да се запознаат со предложените решенија, како и активно да се вклучат во процесот на креирање на јавниот простор.

Од Општина Битола ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во обликувањето на еден од значајните градски простори.

„Ве очекуваме“, порачуваат од локалната самоуправа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin