УТРО.мк

Делови од Тетово и Брвеница утре ќе останат без електрична енергија

Делови од Тетово и Брвеница утре ќе останат без електрична енергија
Vero

Поради планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, повеќе населени места и објекти во Тетово и Брвеница утре, 22 јуни 2026 година, ќе бидат без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот.

Во Тетово без електрична енергија ќе останат објектите на улицата „Вонвардарска“ кои се наоѓаат во близина на фабриката „Тетекс“, како и објектите зад фабриката.

Во општина Брвеница прекин на електричната енергија е најавен за дел од селото Брвеница, објектите во близина на ЗИК Брвеница, како и дел од селото на влезот од градот. За одредени корисници во Брвеница прекинот ќе трае до 14:30 часот.

Надлежните апелираат граѓаните и компаниите навреме да ги планираат своите активности поради најавените прекини.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin