
Изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 23.06.2026 година (вторник), во периодот од 05.00 до 09.00 часот, поради изведување на технички активности, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш, на делницата од клучка Софилари до клучка Долани.
Во наведениот период, полициските службеници од ПС за БПС Штип ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Р1204 Штип – Радовиш.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и да се придржуваат кон сообраќајните правила, прописи и поставената сообраќајна сигнализација, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

















