УТРО.мк

Тоневски: Пробиштип и Источниот регион подготвуваат заеднички развојни проекти

Тоневски: Пробиштип и Источниот регион подготвуваат заеднички развојни проекти
Vero

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес оствари работен состанок со директорот на Центарот за развој на Источниот плански регион, Трајче Здравков.

На средбата се разговарало за тековните активности и идните развојни можности, со фокус на проектите што треба да донесат значајни придобивки за граѓаните на Пробиштип и целиот регион.

Тоневски истакна дека во наредниот период се очекува реализација на повеќе инфраструктурни, економски и социјални проекти кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот и понатамошен развој на општината.

„Продолжуваме посветено да работиме за унапредување на животниот стандард и регионалниот развој,“ порача Тоневски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран