УТРО.мк

Продaноски: Поддршка за најмалите борци – нов пациент-монитор за предвремено родените деца во Прилеп

Продaноски: Поддршка за најмалите борци – нов пациент-монитор за предвремено родените деца во Прилеп
Vero

Денес, по повод Светскиот ден на предвремено родените деца, на неонатолошкото одделение при Општата болница Прилеп беше дониран пациент-монитор, апарат од голема важност за следење на виталните параметри на најмалите пациенти, особено при нивен транспорт.

Донацијата е резултат на хуманитарната иницијатива на Унијата на жени на ВМРО–ДПМНЕ Прилеп, поддржана од граѓани и други организации кои се приклучија кон акцијата.

„Во име на Општина Прилеп, изразувам искрена благодарност до Унијата на жени, до сите компании и граѓани кои помогнаа оваа иницијатива да добие вистински хуманитарен карактер. Голема благодарност и до медицинскиот персонал од неонатолошкото одделение, кои со својата стручност и посветеност секојдневно се борат за здравиот почеток на најранливите“, истакна градоначалникот Дејан Продaноски.

Продaноски посебно го истакна придонесот на мајките кои четири години ја одржуваат оваа акција и инспирираат многумина. Тој нагласи дека Општина Прилеп ќе продолжи да поддржува вакви иницијативи и ќе вложува во подобрување на условите за предвремено родените деца и во унапредување на демографската слика на општината.

„Како човек и како градоначалник, уверувам дека унапредувањето на животните услови за децата ќе остане наш приоритет“, додаде Продaноски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран