УТРО.мк

Струга: Водата од чешмите е опасна за употреба

Струга: Водата од чешмите е опасна за употреба
Vero

Жителите на Струга од вчера попладне се соочуваат со сериозен проблем во водоснабдувањето. Од чешмите тече темно кафеава вода, поради што надлежните институции воведоа забрана за користење на водата за било какви намени.

Главниот извор за снабдување на градот, Шум, е целосно заматен, а првичните анализи на Центарот за јавно здравје покажуваат дека нивото на заматеност е 30 пати повисоко од дозволените норми.

Водата во моментов е технички неисправна и не смее да се користи за пиење, готвење или одржување лична хигиена. Од Центарот за јавно здравје предупредуваат дека Струга може подолг период да остане без безбедна вода за пиење.

„Направив мониторинг на терен и констатирав дека водата во изворот Шум е буквално како кал. Мерењата во куќите и училиштата потврдуваат екстремна заматеност. Ситуацијата е сериозна. На стружани им преостанува да купуваат флаширана вода или, во краен случај, да користат езерска вода за одржување хигиена“, изјави Лидија Симонска од Центарот за јавно здравје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран