УТРО.мк

Стартува автобуската линија Тетово – Попова Шапка

Стартува автобуската линија Тетово – Попова Шапка
Vero

Општина Тетово од сабота повторно ја пушта во употреба автобуската линија Тетово – Попова Шапка и обратно, преку општинското претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“.

Автобусите ќе сообраќаат за време на викендите, со два термини за поаѓање од Тетово кон Попова Шапка, во 08:00 и 10:00 часот, како и два термини за враќање од скијачкиот центар, во 14:45 и во 16:00 часот. Цената на повратниот билет изнесува 200 денари.

Од Општина Тетово ги повикуваат граѓаните да го користат јавниот превоз, со цел да се намали сообраќајниот метеж и да се придонесе кон заштита на животната средина. Автобуската линија ќе функционира од 17 јануари и ќе биде активна исклучиво за време на викендите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран