УТРО.мк

Ребалансот на Буџетот на Општина Битола в петок пред советниците

Ребалансот на Буџетот на Општина Битола в петок пред советниците
Vero

Советниците на Општина Битола в петок ќе расправаат за ребалансот на Буџетот за 2026 година, како и за повеќе измени на општинските програми и финансиските извештаи на јавните претпријатија и образовните установи.

На 13-та седница на Советот, пред членовите ќе се најде Предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на Општина Битола за 2026 година, како и кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот за првите три месеци од годинава.

На дневен ред се и повеќе точки кои се однесуваат на измени и дополнувања на програмите за економски развој, одржување на комунални објекти и инсталации, локалната патна мрежа и улиците, јавните дејности, уредувањето на градежното земјиште, како и програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот 2026–2028 година.

Советниците ќе ги разгледуваат и завршните сметки и извештаите за финансиското работење на јавните претпријатија за 2025 година, како и завршните сметки на средните училишта и двете јавни установи – детски градинки.

Меѓу точките на дневниот ред е и Предлог-одлуката за отповикување на дел од претходно донесената одлука за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Битола.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin